Бразилска полиција привела папагал при една акција на фаќање на дилери на дрога. Според тамошните медиуми, се верува дека птицата била обучена да ги предупредува криминалците на доаѓање на полицијата, извикувајќи „Мама, полиција!“. Акцијата била изведена во Вила Ирма Дулсе, сиромашна заедница во северен Бразил.
„Тој веројатно бил трениран за ова. Штом полицијата се доближи, тој почна да вреска“, изјави еден полицаец кој учествувал во операцијата.
Бразилски новинар кој дошол во контакт со папагалот го опиша како „суперпослушно суштество“.
„Сепак, откако е уапсен, папагалот не кажа ни збор, тотален молк“, изјави новинарот.
Телевизијата „Глобо“ објави дека папагалот бил предаден на локална зоолошка градина, каде што во наредните три месеци ќе учи да лета, по што ќе биде ослободен.