БРИТАНКА ДОБИЛА КАЗНА ОД 11.500 ФУНТИ ЗАШТО ФРЛИЛА 23 ИСТРОШЕНИ БАТЕРИИ ВО ЌЕСА ЗА ЃУБРЕ

    БРИТАНКА ДОБИЛА КАЗНА ОД 11.500 ФУНТИ ЗАШТО ФРЛИЛА 23 ИСТРОШЕНИ БАТЕРИИ ВО ЌЕСА ЗА ЃУБРЕМишел Ожие рече дека не била свесна дека ги фрла батериите зашто биле во играчки (Фото: Шатерсток)

    Британка доби казна од 11.500 фунти откако случајно фрлила 23AA батерии. Кристал Ожие изјави дека батериите биле во детски играчки, што ги фрлиле кога нејзиното семејство се селело во Гернси.

    Таа се расплакала кога приватната фирма за отпад што ја користи, „Ајленд вејст“, ѝ кажала дека има казна од 500 фунти по батерија. Иако казната е намалена на 1.000 фунти, Ожие рече дека и тоа ѝ е голем трошок.

    Ајленд вејст“ соопшти дека активно го промовира безбедното отстранување батерии поради пожарите што можат да ги предизвикаат и дека соработувала со Ожие за да се прилагоди плаќањето на казната.

    Ожие рече дека знаела дека батериите не смеат да се фрлаат во кесата за отпад што ја нарачала преку интернет.

    Не бев свесна дека ги фрлам батериите зашто биле во играчките. Прифатив дека ова е моја вина, но бев многу вознемирена кога ми кажаа за казната“, изјави Ожие.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира