БРОЈОТ НА ПРОСТИТУТКИ ВО ГЕРМАНИЈА ПОРАСНАЛ ЗА 19% ВО 2022

    БРОЈОТ НА ПРОСТИТУТКИ ВО ГЕРМАНИЈА ПОРАСНАЛ ЗА 19% ВО 2022Во 2019 во земјата имало над 40.000 регистрирани сексуални работнички (Фото: ДПА)

    Бројот на официјално регистрирани проституки во Германија пораснал на 28.280 во 2022, што е зголемување за 19% во споредба со претходната година, објави Федералниот завод за статистика.

    Причината за зголемувањето веројатно се должи на целосното укинување на коронамерките во април 2022“, велат од заводот.

    Податоците од 2019 покажуваат дека во земјата тогаш имало 40.370 регистрирани сексуални работнички. Според законот за заштита на проститутките донесен во 2017, тие мора да бидат регистрирани, но во земјата и натаму има нелегални активности на ова поле.

    Најновите податоци покажуваат дека лани биле регистрирани 470 проститутки од Украина, додека во 2021 ги имало 180, што е зголемување за 181%.

    Минатата година, само 18% од регистрираните проститутки имале германско државјанство, а меѓу странците најмногу имало романски (35%), бугарски (11%) и шпански државјанки (6%).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира