ЧЕВЛИТЕ СО КАНЏИ НА ГОДЗИЛА НА ЈАПОНСКИОТ ОСКАРОВСКИ ТИМ СТАНАА СВЕТСКИ ХИТ

    ЧЕВЛИТЕ СО КАНЏИ НА ГОДЗИЛА НА ЈАПОНСКИОТ ОСКАРОВСКИ ТИМ СТАНАА СВЕТСКИ ХИТТимот на „Годзила минус еден“ на Такаши Јамазаки освои Оскар за специјални ефекти, а на доделувањето ги носеа специјалните чевли од дизајнерот Рјосуке Мацуи од брендот „Хазама“. (Фото. АП)

    Една јапонска креација што го привлече вниманието на црвениот тепих на Оскарите не беше филм: кич чевлите што изгледаа како да се стегнати во канџите на Годзила. Тие се дело на Рјосуке Мацуи, кој неодамна кажа дека се израдувал што го видел режисерот на „Годзила минус еден“ Такаши Јамазаки и неговиот тим за специјални ефекти како шетаат на црвениот тепих и добиваат Оскар за визуелни ефекти, а притоа ги носат неговите чевли.

    „Режисерот ги сака моите чевли. Ги нарекува негова униформа“, вели Мацуи.

    Мацуи ги нарекува своите мотиви „темна фантазија“. (Фото: АП)

    На 35 години, со модна кариера од едвај една деценија, Мацуи го предводи својот бренд наречен „Хазама“, што на јапонски значи „просторот помеѓу“. Мал бизнис со само шест вработени, „Хазама“ нуди младешка облека со бауш здолништа, како и готски теми, кимоно и џемпери во градиент бои, јакни со повторувачки мотиви кои потсетуваат на Енди Ворхол, софи и масички за кафе и, се разбира, чевли со лудите штикли. Еден пар чевли има чкрапало за пиштол што навистина можете да го повлечете без куршуми, додека друг изгледа како да е заглавен во крваво црвените заби на вонземјани.

    Мацуи ги нарекува своите мотиви „темна фантазија“. Неговиот имагинарен свет е исполнет со чудни суштества како вештерки, страшни пингвини и блескави поларни мечки, каде што предметите одеднаш се топат, лицето може да биде заменето со џиновска роза или ужасна рака ви ја зграпчува петицата од под земја. Мацуи вели дека би сакал да има свое кафуле или да работи на проект за анимација.

    На Мацуи му требаше околу една година да ги заврши почетните три дизајни, црвените салонки од околу 500 долари за актерката Минами Хамабе, чевлите за Јамазаки од 600 долари и чизмите украсени со назабени крлушки по цена од 700 долари за Рјуносуке Камики, ѕвездата на филмот заедно со Годзила.  (Фото: АП)

    „Се разбира, кул луѓето изгледаат одлично, без разлика што носат, но облеката може да го промени начинот на кој размислувате, како се однесувате со луѓето околу вас, како врата за градење на вашата самодоверба“, рече тој.

    Чевлите Годзила настанаа како специјална нарачка од продуцентот на филмот за јапонската премиера лани во октомври. Тогаш не беше планирано дека ќе се прослават на неодамнешната церемонија на доделување на Оскарите. На Мацуи му требаше околу една година да ги заврши почетните три дизајни, црвените салонки од околу 500 долари за актерката Минами Хамабе, чевлите за Јамазаки од 600 долари и чизмите украсени со назабени крлушки по цена од 700 долари за Рјуносуке Камики, ѕвездата на филмот заедно со Годзила.

    Целата прва серија од неколку стотици пара веќе е распродадена. Во тек се планови за производство на повеќе, можеби во различни бои, како златна, во почит на статуата на Оскар. Интересот е огромен, според Мацуи. Но, теоретски, секој што е подготвен за чевел Годзила ќе може и да го добие.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира