ДАЈНЕРС МАКЕДОНИЈА ГИ ОТКУПИ ФРАНШИЗИТЕ И ЗА СРБИЈА, КОСОВО, АЛБАНИЈА И ЦРНА ГОРА

    ДАЈНЕРС МАКЕДОНИЈА ГИ ОТКУПИ ФРАНШИЗИТЕ И ЗА СРБИЈА, КОСОВО, АЛБАНИЈА И ЦРНА ГОРАПазарот на Дајнерс клуб Македонија се зголемува од два на 16 милиони потенцијални членови - Тони Јанковски, директор на оддел за развој на производи и иновации (Фото: Дајнерс Македонија)

    Дајнерс клуб Македонија ги откупи франшизните права за проширување во Србија, Црна Гора, Албанија и Косово, со што пазарот се зголемува од два на 16 милиони потенцијални членови. Проширувањето и менаџирањето со овие пазари ќе се одвива централизирано од Скопје, а првиот чекор е да се овозможи прифаќање на картичките на Diners Club International и Discover Financial Services во овие земји.

    Во изминатите две години, по откупувањето на сопственоста на Дајнерс клуб Македонија, нашите стратегија и активности целосно се насочија кон модернизирање на продуктот и дигитализација на севкупните процеси во работењето. Веруваме дека досегашното работење во Македонија, знаењето и искуството на тимот се сигурна основа за успешно воведување на Дајнерс клуб и во регионот“, вели Божидар Јанковски, директорот на компанијата.

    Дајнерс клуб Македонија постои од 1995. Во 2020 година компанијата првпат премина во стопроцентна македонска сопственост и е единствената франшиза на меѓународно ниво која е во сопственост на физичко лице.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира