СЀ ЗАПОЧНА СО ЗАБOРАВЕН ПАРИЧНИК, „ДАЈНЕРС“ ОДБЕЛЕЖУВА 75-ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ ВО СВЕТОТ И 30 ГОДИНИ ВО МАКЕДОНИЈА

    СЀ ЗАПОЧНА СО ЗАБOРАВЕН ПАРИЧНИК, „ДАЈНЕРС“ ОДБЕЛЕЖУВА 75-ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ ВО СВЕТОТ И 30 ГОДИНИ ВО МАКЕДОНИЈАПрвата кредитна картичка

    Во далечната 1949 година, „Дајнерс Клуб“ ја создаде првата кредитна картичка, отворајќи врата кон револуција во начинот на плаќање ширум светот. Оттогаш до денес, „Дајнерс“ е синоним за иновација, доверба и привилегии.

    Идејата за првата кредитна картичка доаѓа од познатиот американски бизнисмен Френк Мекнамара, кој се нашол во непријатна ситуација – без паричник во ресторан. Оваа случка довела до создавање на првата „Дајнерс Клуб“ картичка, која набрзо го промени начинот на плаќање засекогаш.

    Од скромниот почеток во 1950 година со 14 ресторани и 2 хотели во Њујорк, „Дајнерс Клуб“ денес е прифатен во над 55 милиони локации во повеќе од 200 држави.

    Во 1994 година, „Дајнерс Клуб“ стигна во Македонија како прва кредитна картичка, која им понуди на своите членови поголема финансиска флексибилност. Денес, „Дајнерс“ е прифатен во над 5.000 продажни места и 400 банкомати низ државата, нудејќи уникатни привилегии како: плаќање на до 24 рати – на многу локации и без камата, ексклузивни попусти и поволности во омилените продавници, одложено плаќање за поголема слобода и удобност, пристап до кеш на банкомати и многу повеќе.

    „75-годишниот јубилеј на ‘Дајнерс Клуб Интернешнл’ не е само значаен момент за овој бренд, ова е прослава за почетокот на една цела индустрија, создадена да одговори на потребите на потрошувачите. Успешната приказна на „Дајнерс Клуб Македонија“ продолжува да се пишува, со сè поголем мотив за идни предизвици, нови искуства, напредок и проширување, секогаш со фокус на обезбедување извонредна услуга за членовите, партнерите и соработниците“, велат од компанијата.

    За да се придружите во клубот, аплицирајте тука.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира