ДАНИЕЛ КРЕГ ЌЕ ГО ИГРА ЏЕЈМС БОНД УШТЕ ЕДНАШ

    ДАНИЕЛ КРЕГ ЌЕ ГО ИГРА ЏЕЈМС БОНД УШТЕ ЕДНАШСледниот Бонд филм, 25-иот по ред во серијата, се очекува да излезе во ноември, 2019, а Крег рече дека овојпат ќе му биде последен да го игра 007

    Актерот Даниел Крег, кој досега го глумел Џејмс Бонд во последните четири филмови  за тајниот агент 007, долго време одбиваше да каже дали ќе продолжи и во следните филмови. Но синоќа конечно кажа „да“, пред да се ракува со Стивен Колберт, водителот на популарната американска емисија.

    Следниот Бонд филм, 25-иот по ред во серијата, се очекува да излезе во ноември, 2019. Крег рече дека овојпат ќе му биде последен да го игра 007.

    Шкотот Шон Конери првпат во оваа улога играше во 1962 и глумеше и следните седум филмови. Роџер Мур продоложи од 1973 до 1985. Дејвид Нивен и Џорџ Лазенби го глумеа по еднаш во 1960-ите, додека во два Тимоти Далтон беше во главна улога.
    Даниел Крег го наследи Пирс Броснан, а дебитираше како Бонд со „Казино Ројал“ во 2006. Оттогаш играше на „Трошка утеха“ (2008), „Скајфол“ (2012) и „Спектра“ (2015).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира