Данскиот суд му нареди на уметникот Јенс Ханинг да врати речиси 500.000 круни (72.000 долари), откако приложил две празни платна за проект наречен „Земи ги парите и бегај“. Уметничкиот музеј во Олборг сметал дека Ханинг ќе ги вклучи банкнотите во две свои дела во 2021 година.
Место тоа, тој дал две празни платна и потоа изјавил дека „работата била да им ги земе парите“. Судот сега му нареди да ги врати парите, но да задржи нешто за трошоци. Музејот бараше од Ханинг да ги врати сите 534.000 круни, но тој одбил.
По долга судска битка, судот во Копенхаген пресуди дека 58-годишниот Ханинг треба да врати 492.549 круни.
Директорот на музејот Ласе Андерсон кажа дека многу се смеел кога првпат ги видел празните платна, но, сепак, решил да ги изложи.
„Нема да се жалам на пресудата. Сето ова беше добро за мојата работа, но исто така ме стави во позиција да не знам што да правам. Музејот заработи многу повеќе пари од она што го вложи благодарение на публицитетот околу случајот“, изјави Ханинг.