ЏАКАРТА – ГРАД КОЈ БИ МОЖЕЛ ДА БИДЕ ПОТОПЕН ВО НАРЕДНИТЕ ДЕЦЕНИИ

    ЏАКАРТА – ГРАД КОЈ БИ МОЖЕЛ ДА БИДЕ ПОТОПЕН ВО НАРЕДНИТЕ ДЕЦЕНИИПоловина од градот сега е под нивото на морето и последиците се највидливи во Северна Џакарта

    Џакарта е дом на десет милиони луѓе, но и град кој најбрзо тоне во светот. Ако нешто не се преземе, делови од главниот град на Индонезија целосно ќе бидат под вода до 2050 година, предупредуваат експерти.

    Тој лежи на мочуришно земјиште, се наоѓа на брегот на Јаванското Море и низ него течат 13 реки, па не треба да чуди што често го погодуваат поплави.

    „Можноста Џакарта да биде потопена не е шега. Според нашите модели, 95% од северниот дел на градот ќе бидат потопени до 2050 година“, вели Хери Андреас, кој ја испитува почвата на Џакарта во последните 20 години.

    И тоа веќе се случува. Северна Џакарта потонала за 2,5 метри за десет години и во некои делови, ова изнесувало 25 сантиметри на година, што е двојно повеќе од други крајбрежни мегаградови. Половина од градот сега е под нивото на морето и последиците се највидливи во Северна Џакарта, кадешто цели згради се веќе напуштени.

    „Од година во година, почвата сѐ повеќе се поплавува. Плимата секоја година е за пет сантиметри повисока. Најмногу на удар се малите куќи што се најблиску до морето. Луѓето кои живеат таму цело време мора да ги поправаат“, вели Фортуна Софија, која живее во луксузна вила со поглед на морето, на која се појавуваат пукнатини на секои шест месеци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира