ЏОРЏ КЛУНИ И ЏУЛИЈА РОБЕРТС ЌЕ СЕ ОБЕДИНАТ ВО НОВА РОМАНТИЧНА КОМЕДИЈА

    ЏОРЏ КЛУНИ И ЏУЛИЈА РОБЕРТС ЌЕ СЕ ОБЕДИНАТ ВО НОВА РОМАНТИЧНА КОМЕДИЈАРобертс и Клуни важат за добри пријатели (Фото: Гети)

    Џорџ Клуни и Џулија Робертс ќе глумат во новата романтична комедија „Билет за рајот“ (Ticket to Paradise), кој повторно ќе ги обедини ѕвездите на „Единаесеттемина на Оушн“ и долгогодишни пријатели. Филмот ќе го режира Ол Паркер, а снимањето треба да почне на крајот на годината.

    Клуни и Робертс ќе играат разведена двојка, која патува на Бали за да ја спречи преселбата на својата ќерка.

    Двајцата оскаровци заедно играа и во трилерот „Финансиско чудовиште“, режисерското деби на Џоди Фостер од 2016 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира