Британскиот пејач Џорџ Мајкл бил погребан денеска во Лондон, кажа неговиот публицист. Приватниот погреб се одржал на гробиштата „Хајгејт“ во северен Лондон и присутни биле само семејството и блиските пријатели, додаде публицистот „Кони Филипело“. Семејството им се заблагодари на фановите за нивните пораки со љубов и поддршка и побара да се почитува нивната приватност.
На гробиштата „Хајгејтс“ се погребани Карл Маркс, Џорџ Елиот и Даглас Адамс, меѓу другите познати.
Аутопсијата покажа дека Мајкл умрел од природна смрт како резултат на срцева болест и замастен црн дроб. Поранешниот пејач на „Вем“ беше најден мртов во неговиот дом во Оксфордшир на 25 декември на возраст од 53 години. Пејачот имаше проблеми со срцето и се бореше со зависност од дрога.