ДИРИГЕНТОТ ГУСТАВО ДУДАМЕЛ ЌЕ БИДЕ МУЗИЧКИ ДИРЕКТОР НА ЊУЈОРШКАТА ФИЛХАРМОНИЈА

    ДИРИГЕНТОТ ГУСТАВО ДУДАМЕЛ ЌЕ БИДЕ МУЗИЧКИ ДИРЕКТОР НА ЊУЈОРШКАТА ФИЛХАРМОНИЈАДудамел ќе стане првиот Латиноамериканец кој ќе биде на чело на Филхармонијата, основана во 1842. (Фото: АП)

    Диригентот Густаво Дудамел ќе стане музички директор на Њујоршката филхармонија за сезоната 2026-2027, и со тоа ќе заврши неговиот мандат со Филхармонијата на Лос Анџелес, кој почна во 2009.

    42-годишниот диригент од Венецуела потпиша петгодишен договор со Њујоршката филхармонија како уметнички и музички директор, соопшти Оркестарот. Дудамел ќе биде првиот Латиноамериканец кој ќе биде на чело на Филхармонијата, основана во 1842.

    „Музичарите многу, многу јасно ни кажаа која е личноста која сакаат да дојде, дека Густаво е нивниот кандидат од соништата“, вели извршната директорка на Филхармонијата Дебора Борда, додавајќи: „Кога се обидувате да го регрутирате најбараниот диригент на светот, не правите класична потрага“.

    Дудамел ќе остане музички директор на Операта во Париз, каде е од 2021, како и на Симфонискиот директор „Симон Боливар“ на Венецуела, каде е од 1999 и со кој ја стекна меѓународната репутација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира