ФБИ ИСТРАЖУВА СЛУЧАЈ НА ОРАЛЕН СЕКС МЕЃУ ДВАЈЦА ПАТНИЦИ ВО АВИОН ВО АМЕРИКА

    ФБИ ИСТРАЖУВА СЛУЧАЈ НА ОРАЛЕН СЕКС МЕЃУ ДВАЈЦА ПАТНИЦИ ВО АВИОН ВО АМЕРИКАМажот и жената се запознале за време на летот од Лос Анџелес за Детроит на компанијата „Делта“

    Возбудени патници, кои биле фатени во орален секс за време на летот на компанијата „Делта“, најверојатно, ќе поминат само со парична казна, иако во прв момент и ФБИ се заинтересирал за случајот.

    Четириесет и осумгодишната жена и 20 години помладиот маж, чии имиња не се објавени, наводно, не се познавале од порано и тие патувале од Лос Анџелес за Детроит, кога таа почнала орално да го задоволува, додека биле на своите седишта. Откако биле забележани од останатите патници, тие биле прекинати од екипажот, кој случајот го пријавил на властите.

    „Чинот самиот по себе е недоличен за јавно место. Наоколу имаше и деца, фамилии, стари луѓе. Тоа треба да се почитува“, изјави еден од патниците.

    Вклучувањето на федералните истражни органи, а не на локалните е поради тоа што инцидентот се случил во воздух.

    ФБИ изјави дека инцидентот се истражува, но тие, најверојатно, ќе поминат само со казна за недолично однесување во јавност. Изворите блиски до истрагата велат дека секој од нив би можел да плати по 800 долари казна.

    „Тешко дека тука има основа за федерален прекршок, бидејќи тие не претставувале закана за сигурноста на авионот и патниците. Овој прекршок е повеќе глупост“, изјави портпаролката на аеродромот во Детроит, Ерика Донерсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира