ЕКВАДОРКА ПРОГЛАСЕНА ЗА МРТВА ОЖИВЕАЛА ВО КОВЧЕГОТ ПРЕД ПОГРЕБОТ

    ЕКВАДОРКА ПРОГЛАСЕНА ЗА МРТВА ОЖИВЕАЛА ВО КОВЧЕГОТ ПРЕД ПОГРЕБОТБела Монтоја била вратена во истата болница каде што претходно била прогласена за мртва (Фото: Најн њуз)

    Ожалостените на бдеењето на една старица во Еквадор се вџашиле кога сфатиле дека таа всушност е жива. Смртта на 76-годишната Бела Монтоја претходно била потврдена од лекар во болницата во градот Бабахојо, кој заклучил дека починала од мозочен удар.

    Таа била ставена во ковчег и одесена во погребален дом, каде што роднините одржале бдеење во пресрет на погребот. Пет часа подоцна, кога го отвориле ковчегот со цел да го облечат телото во нова облека, жената почнала да се бори за воздух.

    Видео снимено од еден од присутните ја покажува жената како лежи во отворениот ковчег, додека се обидува да дојде до воздух.

    „Мајка ми почна да ја движи левата рака и да ги отвора очите и устата. Таа се мачеше да дише“, изјави нејзиниот син Хилберт Балберан.

    Неколку минути подоцна, дошле пожарникари, кои ја извадиле Монтоја од ковчегот и ја вратиле во истата болница каде што претходно била прогласена за мртва. Балберан изјави дека таа се наоѓа на интензивна нега, но е во стабилна состојба.

    Министерството за здравство на Еквадор формираше комисија за да се истражи инцидентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира