Технолошката компанија „Епл“ работеше на сопствена автомобилска технологија под кодно име „Проект Титан“ уште од 2014 година и планираше да произведува свои возила, создаваји вистински „Епл автомобил“. Сега, компанијата позната по „ајфон“, го стави во мирување проектот, веројатно на неопределено, и ќе се сконцентрира на создавање и усовршување на софтвер и хардвер неопходни за беспилотните возила на улиците.
„Епл“ сега планира соработка со други прозводители на автомобили за да ја воведе технологијата на беспилотни возила во пазарот. Проектот ќе употребува обични автомобили за во нив да биде инсталиран новиот уред.
Еден пример на таква сорабока е и беспилотниот автобус кој што ќе врши превоз на вработените на „Епл“ меѓу канцеларите во Силиконската долина во Пало Алто и Купертино.