EРДОГАН ЌЕ ГО СРУШИ КУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР „АТАТУРК“ ЗА ДА ИЗГРАДИ ОПЕРА

    EРДОГАН ЌЕ ГО СРУШИ КУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР „АТАТУРК“ ЗА ДА ИЗГРАДИ ОПЕРАКултурниот центар „Ататурк“ се смета за врвен пример за турската архитектура од 60-тите години на минатиот век

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе го сруши Kултурниот центар “Ататурк” кој одигра клучна улога во протестите во 2013 година, и на негово место ќе изгради опера.

    Според објавените архитектонски планови , на оперската куќа ќе има модерна фасада од стакло и бетон, исто како на Културниот центар

    Во говорот што го одржа во Истанбул, Ердоган ги обелодени плановите за дизајнирање на новата оперска куќа на плоштадот Таксим на моменталната локација на центарот Ататурк .

    Ердоган деновиве најави дека операта ќе донесе ново богатство на плоштадот Таксим

     

    Поддржувачите на проектот велат дека зградата ќе стане икона на градот и културен објект од светска класа, но противниците тврдат дека новата градба ќе избрише уште еден важен симбол на модерната турска република, основана од Мустафа Кемал Ататурк.

    Ердоган ги спореди противниците на оперската куќа со оние кои ја попречуваат борбата против тероризмот.

     

    “Бог го сака тоа ќе стане чест и симбол за Истанбул и нашата земја”, рече тој.

    По изградбата на оперската куќа, плоштадот Таксим ќе стане целосно пешачка зона, а сообраќајот на возила ќе се одвива под земја, објави Ердоган.

    Тоа ќе донесе “ново богатство на плоштадот”, додаде тој.

    Планирано е зградата да биде готова до почетокот на 2019 година, пред да се одржат парламентарните избори во Турција во ноември 2019 година.

    Новиот комплекс, кој ќе продолжи да го носи името Ататурк, го дизајнира Мурат Табанлиоглу, син на архитектот Хајати Табанлиоглу, кој ја дизајнираше оригиналната зграда на Културниот центар , која беше отворена во 1969 година.

    Противниците тврдат дека новата градба ќе избрише уште еден важен симбол на модерната турска република, основана од Мустафа Кемал Ататурк

    Според објавените архитектонски планови , на оперската куќа ќе има модерна фасада од стакло и бетон, исто како на Културниот центар.

    Салата ќе има 2.500 седишта за опера, а во новата зграда ќе има и кино, библиотека, концертни сали, кафулиња и изложбени простори.

    Културниот центар „Ататурк“ се смета за врвен пример за турската архитектура од 60-тите години на минатиот век. Во него беа сместени државна опера, балет и театар.

    По неговото отворање бил затворен поради пожар, па повторно отворен во 1978 година, се до 2008 година, кога престана да работи за да се реновира. Сепак, тоа досега не се случи.

    Плоштадот Таксим и Гези паркот беа централните локации на масовните протести во 2013 година против плановите на тогашниот премиер Ердоган за реконструкција на областа – во која беше вклучено уривање на Центарот.

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира