ЕУРОЛИНК ДОДЕЛУВА СТИПЕНДИИ ЗА 35 СТУДЕНТИ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“

    ЕУРОЛИНК ДОДЕЛУВА СТИПЕНДИИ ЗА 35 СТУДЕНТИ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“Добитниците на стипендии од Еуролинк осигурување од минатиот конкурс.

    Еуролинк осигурување петта година по ред распишува конкурс за доделување 35 Еуролинк стипендии за студентите на Правниот факултет ,,Јустинијан Први’’ во Скопје, соопшти осигурителната компанија. Конкурсот е во рамките на платформата за корпоративна општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“. Од 35-те стипендии, 25 се за студенти на додипломски студии (прв циклус) во поединечна вредност од 40.000 денари и 10 се за студенти на последипломски студии (втор циклус) во поединечна вредност од 60.000 денари.

    Право на аплицирање за добивање Еуролинк стипендија имаат сите редовни студенти кои се запишани на прв и на втор циклус на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, кои имаат редовен упис во учебната 2017/2018 година и кои исполнуваат услов за упис во учебната 2018/2019 година. За доделување на стипендијата потребно е студентите да ги исполнат следните услови: студентите да имаат остварено просечен успех од положени испити од најмалку 8,5; да не се корисници на друга стипендија; да го задржат статусот редовен студент со просечен успех од 8,5 во учебната година кога ќе ја користат стипендијата; да достават потврда за редовен студент за учебната 2018/2019 година, пополнет пријавен лист за доделување стипендија (кој може да се превземе од веб страницата на Еуролинк осигурување), уверение од положени испити, куса биографија (пожелно да биде во ЕУ формат) и есеј на тема ,,Општествена одговорност на компаниите низ призма на општествените промени„ од најмногу 500 збора.

    Рокот за поднесување апликации е од денес до 1 октомври. За начинот на доставување на документите, потребните документи и апликацијата, студентите може да се информираат и да ги преземат од интернет-страницата на Еуролинк eurolink.com.mk .

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира