ЕЗЕРЦЕ ВО ХАВАИ МИСТЕРИОЗНО СТАНА РОЗОВО

    ЕЗЕРЦЕ ВО ХАВАИ МИСТЕРИОЗНО СТАНА РОЗОВОСоленоста на езерцето Килија во моментов е двапати повисока од морската вода, како последица на екстремна суша. (Фото: Инстаграм)

    Езерце во Хаваи стана толку розово што слободно може да биде дел од сетот на филмот „Барби“, но овој бизарен феномен не е причина за славење.

    Најверојатна причина за промената на бојата е сушата, велат научниците, и предупредуваат да не се влегува во водата или да се пие.

    Лабораториските тестови на резерватот каде што се наоѓа езерцето покажале зголемено присуство на халобактерија, која најдобро се развива во вода со високо ниво на сол.

    Соленоста на езерцето Килија во моментов е двапати повисока од морската вода, како последица на екстремна суша.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира