Фил Колинс и неговите колеги од бендот „Џенезис“ ги продадоа правата за нивната музика со договор вреден 300 милиони долари. „Конкорд мјузик“, која ги откупи правата, рече дека продажбата ги вклучува и блокбастерските соло албуми на Колинс „Не треба палто.. ама сериозно!“ (No Jacket Required…But Seriously!) Иако не даде бројка, „Вол срит џурнал“ цитираше сума од 300 милиони долари.
Ова е една од најголемите зделки од ваков вид, ставајќи ги Колинс и „Џенезис“ веднаш зад Боб Дилан и Брус Спрингстин. Тие две рок легенди ги продадоа своите каталози во неодамнешните зделки вредни меѓу 400 и 500 милиони долари. Нил Јанг, исто така, заработи 150 милиони долари со продажба на 50% удел во неговата музика во 2021.
Ѕвездите што ги продаваат своите каталози станаа главен тренд на музичката индустрија во последниве години, а уметниците меѓу кои Блонди, Шакира, Марк Ронсон, Шик, Тина Тарнер и „Килерс“ исто така ја предадоа контролата на нивните песни во замена за големи паушални суми. За нив, зделките обезбедуваат итна финансиска сигурност, истовремено обезбедувајќи нивната музика да не падне во комплицирани судски спорови откако ќе умрат.
За возврат, инвеститорите – кои се движат од издавачки куќи до хеџ фондови – заработуваат пари од сите идни авторски права генерирани од продажба, стримови и договори за лиценцирање.