Една од најголемите југословенски ѕвезди на народна музика Шабан Шаулиќ им подлегна на повредите со кои се здоби во тешка сообраќајна несреќа во Германија.
Шеесет и седумгодишниот Шаулиќ настрада утрово на пат за Дортмунд, во близина на Билефелд, на враќање од концертот што претходната вечер го одржал во овој град. Тој по несреќата итно бил префрлен во болница, кадешто починал. Според првичните информации, несреќата ја предизвикал пијан возач, кој бил без возачка дозвола.
Роден во 1951 година, Шаулиќ во текот на петдецениската кариера го следеше статус на „крал на народната музика“. Тој сними повеќе од 30 албуми и важеше за една од најголемите музички ѕвезди во поранешна Југославија и на балканските простори.