ФРАНЦИЈА ЌЕ ЗАБРАНИ ПРОДАЖБА НА АВТОМОБИЛИ НА БЕНЗИН И ДИЗЕЛ ДО 2040 ГОДИНА

    ФРАНЦИЈА ЌЕ ЗАБРАНИ ПРОДАЖБА НА АВТОМОБИЛИ НА БЕНЗИН И ДИЗЕЛ ДО 2040 ГОДИНАФранцускиот министер за животна средина Никола Ило денеска го презентираше новиот климатски план на Франција. - Ило и премиерот Едуар Филип (Фото: АФП)

    Франција планира да стави крај на продажбата на автомобили на бензин и дизел до 2040 година, кажа новиот министер за животна средина, Никола Ило. На денешната прес конференција за новиот климатски план, министерот Ило рече: „Најавуваме крај на продажбата на автомобили на бензин и дизел до 2040 година“.

    Ило не прецизираше дали ова значи дека ќе има забрана за продажба на овој вид автомобили, или пак како таа забрана ќе биде спроведена. Тој не кажа ниту дали забраната ги вклучува и хибридните возила. Меѓутоа, од министерството рекоа дека најтешкиот товар ќе падне врз производителите на автомобили.
    Француските автомобилски компании Рено, Пежо и Ситроен се делумно во сопственост на државата.

    Најавата доаѓа откако автопроизводителите покажуваат се поголемо производство на електрични и хибридни автомобили за да се прилагодат на пазарната побарувачка и притисокот од регулативите.
    „Волво“ неделава соопшти дека од 2019 година нема веќе да лансира нови модели на автомобили со мотори само со внатрешно согорување.

    Светската продажба на електричните автомобили беше помалку од 1 процент од пазарот на автомобили минатата година. Но, според „ИДТекЕКС“, истражувач на пазарот, продажбата на електричните возила ќе порасне од 672.000 оваа година до 7 милиони во 2027 година.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира