Француската моќна филмска двојка, оскаровката Марион Котијар и актерот-режисер Гијом Кане, објавија дека се разделиле по 18 години заеднички живот и две деца. Котијар освои Оскар во 2008 за улогата како легендарната француска пејачка Едит Пјаф во „Живото во розово“ и е една од најпознатите француски ѕвезди на меѓународно ниво.
Таа глумеше со Бред Пит во романтичниот трилер од Втората светска војна „Сојузници“ и со Леонардо Дикаприо во „Зачеток“. Кане кој е актер, режисер и сценарист, играше во „Плажата“ со Дикаприо. 49-годишната Котијар и 52-годишниот Кане глумеа заедно во француско-белгискиот филм „Сакај ме ако се осмелуваш“ во 2003, што беше нејзиниот прв хит во Франција.
Котијар и Кане почнаа да се забавуваат во 2007. Тие ја објавија својата разделба во изјава за новинската агенција „Франс-Прес“, во која се вели дека ја објавиле разделбата јавно „за да избегнат сите шпекулации, гласини и ризични толкувања“. Не е наведена причина, но се вели дека се разделуваат по „заеднички договор“ и со „заемна добра волја“.