ГЕРМАНСКИТЕ ВЛАСТИ ПРЕДУПРЕДУВААТ ДА НЕ СЕ УЧЕСТВУВА ВО ТИКТОК ПРЕДИЗВИЦИ СО ЈАДЕЊЕ ЛУТО, МОЖЕ ДА БИДАТ ОПАСНИ ПО ЖИВОТ

    ГЕРМАНСКИТЕ ВЛАСТИ ПРЕДУПРЕДУВААТ ДА НЕ СЕ УЧЕСТВУВА ВО ТИКТОК ПРЕДИЗВИЦИ СО ЈАДЕЊЕ ЛУТО, МОЖЕ ДА БИДАТ ОПАСНИ ПО ЖИВОТПредизвикот на ТикТок го почна американскиот производител на лут чипс „Пакуи“. (Фото: Твитер/принтскрин)

    Владина агенција ги предупреди Германците да не учествуваат во онлајн предизвици со јадење екстра лута храна. Лутата храна може да биде посебно штетна за децата, предупреди германскиот Сојузен институт за проценка на ризици.

    Виралните предизвици на социјални мрежи како ТикТок, во кои се повикува на јадење многу лута храна можат да доведат до сериозно штетни здравствени последици, се вели во соопштението на агенцијата.

    „Во минатото, имаше случаи со штетни последици како иритација на мукозната мембрана, вртоглавица, повраќање и висок крвен притисок“, велат од агенцијата.

    Оттаму предупредуваат против учество во предизвици да се јаде многу лута храна или големи количини на екстремно лут сос.

    „Во вакви случи, можни се сериозно штетни здравствени последици, кои што можат да бидат и животозагрозувачки“, додаваат од агенцијата.

    Посебно загрижувачки за агенцијата е предизвикот со јадење лут чипс, кој што циркулира на социјалните мрежи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира