Возрасна мечка беше ослободена од нелегална замка со заедничките напори на грчките и албанските власти и организации за диви животни. Тешка околу 90 килограми, петгодишната мечка успеала да преживее длабоко во шумата цела недела откако била фатена во стегите на челична замка, каква што често користат ловокрадците.
Иако не можела да се движи, се верува дека мечката преживеала хранејќи се со блиските корени и лисја, што ѝ помогнало да остане хидрирана. Инцидентот се случил во близина на албанскиот град Поградец.
Во акцијата на спасување учествувале еколошката организација „Калисто“ од Солун и три од Албанија. „Калисто“ и Албанската организација за заштита и зачувување на природната средина во изминатите две години заедно работат на проект за заштита на кафеавите мечки во областите кои граничат со Грција, Албанија и Македонија.