Групацијата „БАЛФИН“ и „Флаинг тајгер Копенхаген“ го прошируваат своето стратешко партнерство во Романија, Бугарија и Хрватска, отворајќи ново поглавје во развојот на овој возбудлив и иновативен дански малопродажен бренд во Централна и Југоисточна Европа.
Проширувањето следува по успешниот развој на „Флаинг тајгер Копенхаген“ во Албанија, Косово, Северна Македонија и Србија, каде што, како резултат на партнерството, до крајот на 2026 година ќе бидат отворени вкупно 20 продавници. Влезот на пазарите во Босна и Херцеговина и Црна Гора е планиран за почетокот на 2027 година. Надоврзувајќи се на досегашното искуство и успешните резултати на постојните пазари, двете компании се договорија да ја прошират соработката во уште три европски земји.
Според новиот договор, Групацијата „БАЛФИН“ и „Флаинг тајгер Копенхаген“ планираат да отворат 87 продавници во Романија, Бугарија и Хрватска во следните пет години. Проширувањето во Романија и Бугарија ќе започне во 2027 година, додека во Хрватска е планирано за почетокот на 2028 година.
Проширувањето претставува значаен чекор во развојните стратегии на двете компании. За Групацијата „БАЛФИН“, тоа дополнително ја зајакнува позицијата на групацијата како меѓународна инвестициска групација со деловни активности во 13 земји, истовремено потврдувајќи ја нејзината стратегија за градење долгорочни партнерства со водечки меѓународни брендови.
За „Флаинг тајгер Копенхаген“, договорот го поддржува континуираното глобално проширување на брендот и обезбедува цврста основа за раст на три стратешки важни пазари во ЕУ, надоврзувајќи се на досега успешната соработка со Групацијата „БАЛФИН“ .
Самир Мане, претседател на Групацијата „БАЛФИН“ , изјави: „Резултатите што ги постигнавме со ‘Флаинг тајгер Копенхаген’ ја потврдија силата на нашето партнерство и потенцијалот за натамошен раст. Проширувањето во Романија, Бугарија и Хрватска ја издигнува нашата соработка на повисоко ниво и го носи брендот на три значајни пазари во ЕУ. За Групацијата ‘БАЛФИН’, овој договор ја потврдува нашата посветеност на градењето долгорочни партнерства и развојот на успешни меѓународни брендови, со сè поголем досег низ Европа“.
Јулиус Шмит, извршен директор за регионот ИМЕА во „Флаинг тајгер Копенхаген“ , изјави: „Нашето партнерство со Групацијата ‘БАЛФИН’ оствари одлични резултати на пазарите на кои работиме заедно, така што проширувањето во Романија, Бугарија и Хрватска природно доаѓа како следен чекор. Ова се важни пазари за нашата стратегија за раст во Европа и гледаме значителен потенцијал за концептот на ‘Флаинг тајгер Копенхаген’ . Со нетрпение очекуваме да ги надградиме досегашните заеднички постигнувања и да го доближиме нашето уникатно малопродажно искуство до уште повеќе потрошувачи во регионот“.
Проширувањето дополнително ќе го зајакне присуството на „Флаинг тајгер Копенхаген“ во регионот, создавајќи поширока основа за двете компании да ги искористат идните можности за раст на европските пазари.
*Комерцијален текст



