ГУВЕРНЕРОТ НА МИСУРИ ПРИТВОРЕН ЗАШТО ШИРЕЛ ФОТОГРАФИИ ОД СВОЈА ГОЛА ЉУБОВНИЦА

    ГУВЕРНЕРОТ НА МИСУРИ ПРИТВОРЕН ЗАШТО ШИРЕЛ ФОТОГРАФИИ ОД СВОЈА ГОЛА ЉУБОВНИЦАЕрик Греитенс ја нарече ситуацијата лична грешка од времето пред да стане гувернер (Фото: АП)

    Гувернерот на Мисури бил приведен под обвинение дека ширел приватни фотографии од својата љубовница, на коишто таа е врзана и делумно гола, објавија локалните медиуми.

    Ерик Греитенс поминал кратко време во притвор откако бил обвинет за нарушување на приватност, што се доведува во врска со медиумските написи од минатиот месец дека тој, наводно, се заканувал дека ќе објави фотографии од жената со која имал афера.

    Главниот обвинител на Сент Луис, Кимберли Гарднер, изјави дека обвинението се однесува на инцидентот од март 2015 година. Греитенс вели дека не прекршил закон и дека обвинението е „политички мотивирана одлука на бескомпромисен либерален обвинител“.

    „Како што имам кажано и порано, имам направено лични грешки пред да станам гувернер, но немам направено никаков криминал. Очекувам со правни лекови оваа одлука да биде поништена“, кажа Греитенс.

    Тој ја фотографирал жената, која е гола или делумно гола, без нејзина согласност, на место за коешто таа можела да очекува да биде приватно, се вели во обвинението. Тој потоа овозможил ширење на фотографиите преку компјутер.

    Доколку биде прогласен за виновен, тој би можел да добие четири години затвор и/или парична казна од 5.000 долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира