ХЕЛЕН МИРЕН И ЏЕЈН ФОНДА БЛЕСКААТ НА МОДНА ПИСТА ВО ОСМАТА ДЕЦЕНИЈА

    ХЕЛЕН МИРЕН И ЏЕЈН ФОНДА БЛЕСКААТ НА МОДНА ПИСТА ВО ОСМАТА ДЕЦЕНИЈАРевијата се одржа на Елисејските Полиња во Париз. - Хелен Мирен (Фото: АП)

    Актерските легенди Хелен Мирен и Џејн Фонда, двете во осмата деценија од животот, блеснаа за време на модната недела во Париз, но не седејќи во првиот ред на публиката, туку на пистата.

    Тие зедоа учество во шоуто на „Л‘Ореал“, што се одржа во најстрогиот центар на Париз, на Елисејските Полиња и ги воодушевија сите со своите младешки фигури и со самоуверениот чекор на вистински манекенки.

    Воодушеви со својата младешка става. – Џејн Фонда (Фото: АП)

    „Јас не се сметам за прекрасна, но отсекогаш сум имала добар изглед и планирам да останам таква. Мора да се респектира убавината и на постари жени. Како да се чувствува блага промена во модниот свет во тој поглед. Сите го заслужуваме тоа“, изјави 72-годишната Мирен, која стана заштитно лице на француската компанија во 2014 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира