„ХОБИ ДОГИНГ“ – ШЕТАЊЕ КУЧЕ БЕЗ КУЧЕ – Е НОВ ТРЕНД ВО ГЕРМАНИЈА

    „ХОБИ ДОГИНГ“ – ШЕТАЊЕ КУЧЕ БЕЗ КУЧЕ – Е НОВ ТРЕНД ВО ГЕРМАНИЈАПоводниците се дизајнирани да изгледаат како некој да шета невидливо куче. (Фото: ДПА)

    Можете ли да научите невидливо куче нови трикови? Во бизарен тренд што започна во Германија луѓето шетаат куче на поводник – но без вистинското куче. Локалната тренерка Барбара Герлингер признава дека е „малку лудо“, но е исто така и апсолутно сериозна во врска со концептот.

    Новата забава наречена „хоби догинг“ е нова активност за слободно време за љубителите на животни во Германија кои не сакаат скапи ветеринарни сметки, влакнести теписи, лигавење. Исто така, нема потреба да се собира изметот, да се справувате со агресивно однесување или лаење кога го оставате домашното милениче дома.

    Како што може да се очекува, наиде на многу чудење, скептицизам и потсмев на интернет. На крајот на краиштата, кучето постои само во имагинацијата на оној што го шета. „Хоби догинг“ – во суштина дресура на кучиња без кучиња – следи по „хоби јавање коњи“, претходен тренд во кој децата (и изненадувачки број возрасни) галопираа низ патеки со пречки на коњи со стап.

    Звучи како некоја вирална шега генерирана од вештачка интелигенција, но е изненадувачки вистинита (и навистина изненадувачка). Во Бад Фридрихшал, северно од богатиот автомобилски центар на јужна Германија, Штутгарт, може дури да се добие и професионално водство за шетање на вашето имагинарно куче.

    Дресерката на кучиња Барбара Герлингер едноставно мурти на исмејувањето. Таа сериозно ја сфаќа својата работа и ги дизајнира своите курсеви за „хоби догинг“, комплетни со конуси, пречки и добра доза на имагинација. Герлингер самата ги направила поводниците, дизајнирани да изгледаат како некој да шета невидливо куче.

    „Малку е лудо“, признава таа. „Но, што не е лудо? Живееме во луд свет“.

    Идејата за хоби догинг се родила случајно во локален клуб. Мала шега, смеење – но мислата останала кај Герлингер. Нејзината филозофија? Проблемот никогаш не е кучето. Тоа е секогаш на другиот крај од поводникот. Станува збор за ментален тренинг, за концентрација.невидливо

    Понекогаш, се жали дресерката на кучиња, луѓето што учат дресура на кучиња едноставно не ја слушаат. Но, кога има имагинарни кучиња, помалку сте расеани, вели таа. Ако само го замислите кучето, принудени сте да обрнете внимание на себе – на вашето држење на телото, вашиот глас, напнатоста на вашето тело.

    „Доста е исцрпувачки да се концентрираш 20 минути на нешто што го нема“, вели таа.

    За Герлингер, тоа е исто така добра форма на подготовка за дресерите на кучиња – пред да се работи со вистински кучиња.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира