ХОЛАНДСКИОТ ПРЕМИЕР ЈЕТЕН И НЕГОВИОТ ПАРТНЕР ЌЕ ДОБИЈАТ БЕБЕ

    ХОЛАНДСКИОТ ПРЕМИЕР ЈЕТЕН И НЕГОВИОТ ПАРТНЕР ЌЕ ДОБИЈАТ БЕБЕЈетен и Николас Кинан споделија фотографија на која држат снимка од ултразвук (Фото: Инстаграм)

    Холандскиот премиер Роб Јетен следната година ќе стане татко. Тој и неговиот партнер, аргентинскиот професионален хокејар Николас Кинан, напишаа на Инстаграм:

    „Ни доаѓа некој навистина посебен. Се гледаме во 2027 година, малечок“.

    Двојката ја сподели оваа порака заедно со фотографија на која држат снимка од ултразвук.

    „Не постојат доволно големи зборови за да ѝ се заблагодариме на донаторката на јајце-клетки, нашата сурогат-мајка Лиса и на нивните семејства. Ништо од ова немаше да биде возможно без вас“, рекоа тие.

    Триесет и деветгодишниот Јетен стана најмладиот и прв геј премиер на Холандија кога неговата центристичка партија Д66 изненадуваачки победи на изборите минатиот октомври. Од Д66 кажаа дека Лиса и донаторката се Холанѓани и познаници на Јетен и Кинан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира