ХОЛАНЃАНЕЦ 40 ГОДИНИ ЖИВЕЕ СО ПРЕСАДЕНО СРЦЕ И ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВА КНИГА НА РЕКОРДИ

    ХОЛАНЃАНЕЦ 40 ГОДИНИ ЖИВЕЕ СО ПРЕСАДЕНО СРЦЕ И ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВА КНИГА НА РЕКОРДИБерт Јансен бил опериран во Англија откако на 17 години му била откриена кардиомиопатија (Фото: ПА)

    Четири децении откако му била дијагностицирана сериозна срцева состојба и му биле дадени само уште шест месеци живот, Берт Јансен влезе во Гинисова книга на рекорди како најдолго преживеан пациент со пресадено срце,

    Сакам да бидам пример за луѓето. Јас сум доказ дека може долго да се живее со пресадено срце“, изјави Јансен, кој имал 17 години кога му била откриена кардиомиопатија, заболување на срцевиот мускул кое му отежнува на срцето да пумпа крв низ телото.

    Во 1984 година, кога Холандија се уште ја немаше извршено својата прва трансплантација на срцето, Јансен бил упатен во болницата „Хартфилд“ во Англија. Јансен бил опериран во јуни таа година, добивајќи го срцето на жртва на сообраќајна несреќа. Операцијата која му го спасила животот на Јансен ја извел пионерот на полето на пресадувањето органи Магди Јакуб.

    Тој ден го сметам за поважен од мојот роденден. Никогаш не мислев дека ќе дотуркам толку далеку“, вели Јансен, кој е женет и има две деца.

    Просечен животен век на луѓето со пресадено срце е 16 години, според сегашниот кардиолог на Јансен, Каспер Еурлингс. Досегашниот рекорд го држеше Канаѓанецот Харолд Сокирка, кој живеел со пресадено срце 34 години и 359 дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира