ХРАБРИ ПАТНИЦИ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ ЛЕТАAТ ЗА ХЕЛ СО ЛЕТОТ 666 НА ПЕТОК 13-ТИ

    ХРАБРИ ПАТНИЦИ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ ЛЕТАAТ ЗА ХЕЛ СО ЛЕТОТ 666 НА ПЕТОК 13-ТИ„Најбаксузниот“ лет од следната година ќе добие нова бројка

    Храбри патници денеска ќе го занемарат суеверието, кога ќе се качат на летот 666 и на петок 13-ти ќе патуваат за Хелсинки.

    Многумина би сакале да избегнат патување на таканаречениот најбаксузен ден во годината, но за компанијата “Финер“ ова е традиција, која од наредната година, сепак, ќе биде прекината.

    Финската авиокомпанија објави дека линијата Копенхаген-Хелсинки, што беше воведена на петок 13-ти во 2006 година, од следната година ќе има нова бројка.

    „Денеска, всушност, ќе биде последниот лет на нашиот АЈ666 за ХЕЛ. Почнувајќи од 29 октомври, броеви на некои летови од нашата понуда ќе бидат изменети, па летот АЈ666 од Копенхаген за Хелсинки ќе стане АЈ954. Во последните 11 години, АЈ666 леташе 21 пат за ХЕЛ на петок 13-ти“, изјави портпаролот на „Финер“.

    За среќа, искусниот пилот Јуха-Пека Кеидасто не е суеверен или уплашен што лета на петок 13-ти.

    „Тоа стана шега помеѓу нас пилотите. Ако на некој патник му е незгодно што лета со 666, слободно нека дојде во нашата кабина. Нашиот весел екипаж со задоволство ќе му помогне“, вели Кеидасто.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира