Во италијанскиот град Сетимо Торинезе во регионот Пиемонт, 47-годишен маж почина откако се задави со залак од традиционалниот божикен колач панетоне и овошје. Џовани Лопез јадел парче празничен леб на семејниот ручек на Бадник во домот на своите родители кога се случила трагедијата.
Кога паднал, изненадените членови на семејството се обиделе да му помогнат и повикале Брза помош. Но и покрај напорите на болничарите за реанимација, тие не можеле да го спасат Лопез, и лекарите подоцна ја потврдиле неговата смрт.
Истражителите велат дека дишните патишта на Лопез биле блокирани од грутка панетоне во комбинација со парче свежа мандарина. Фаталното задушување било прогласено за несреќа.



