ИТАЛИЈАНСКИОТ ОСТРОВ САРДИНИЈА КАЗНУВА ЗА НОСЕЊЕ ПЕСОК ОД ПЛАЖИТЕ КАКО СУВЕНИР

    ИТАЛИЈАНСКИОТ ОСТРОВ САРДИНИЈА КАЗНУВА ЗА НОСЕЊЕ ПЕСОК ОД ПЛАЖИТЕ КАКО СУВЕНИРСамо во летото 2015 година туристите изнеле околу 5 тона песок во шишиња како сувенир (Фото: Би Би Си)

    Познат по прекрасните плажи,  медитеранскиот остров Сардинија почна да ги казнува туристите кои го земаат песокот од плажите како сувенир.

    Според законот што стапи на сила на 1 август, четворица туристи веќе добија казна од по 1.000 евра  затоа што пробале да земат песок, камчиња и школки за дома.

    Биле фатени на скенер во аеродромот Елмас во Градот Каљари.

    Шишиња со камчиња и песок запленети на аеродромот Елмас (Фото: Фејсбук)

    Во 2015 година, само за време на трите летни месеци на скенерите во аеродромите Елмас , Алгеро и Олбиа кај туристите кои ја напуштале Сардинија биле пронајдени 5 тони песок.

    На фејсбук страницата насловена „Сардинија ограбена и опустошена“  луѓето постираат слики од пластични шишиња и ќеси полни со сувенири од плажа.  Фејсбук групата предупредува дека земањето песок за дома сега е незаконско.

    Според  законот „оној што ќе земе или ќе продава ситници од плажа ќе биде казнет со казна од 500 до 3.000 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира