ИЗДАВАЧОТ „ТРИ“ ЌЕ ГИ ДОНИРА СИТЕ ПАРИ ОД ПРОДАЖБАТА НА „КАРАНТИНСКИ ПРИКАЗНИ“ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ОПРЕМА НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР

    ИЗДАВАЧОТ „ТРИ“ ЌЕ ГИ ДОНИРА СИТЕ ПАРИ ОД ПРОДАЖБАТА НА „КАРАНТИНСКИ ПРИКАЗНИ“ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ОПРЕМА НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАРКнигата содржи текстови од автори како Јагода Михајловска-Георгиева, Винка Саздова, Петар Андоновски, Ѕвездан Георгиевски, Лидија Димковска, Трајче Кацаров, Наташа Сарџоска, Виолета Танчева-Златева. (Фото: „Три“)

    Целиот износ од продажбата на книгите од пишувачкиот предизвик „Карантински приказни“ на издавачкиот центар „Три“ ќе биде дониран за здравствена опрема на Клиничкиот центар во Скопје, соопшти издавачот. Пишувачкиот предизвик беше распишан кон крајот на март, пристигнаа над 200 текстови, а деновиве се финализира нивното објавување.

    „Оваа недела, ‘Карантинските приказни’ пристигаат до читателите во две различни изданија: издание во печатена форма, кое ќе биде гласник на хуманоста и во кое се собрани расказите на докажаните авторски имиња Јагода Михајловска-Георгиева, Винка Саздова, Петар Андоновски, Ѕвездан Георгиевски, Лидија Димковска, Трајче Кацаров, Наташа Сарџоска, Виолета Танчева-Златева и други. Оваа книга ќе може да се најде на сите продажни места на ‘Три’ по симболична цена, а целиот износ од продажбата ќе биде дониран за здравствена опрема на Клиничкиот центар во Скопје. Така, ТРИ и авторите на свој начин ќе дадат придонес во борбата со пандемијата и за подобрување на условите во македонското здравство. Одлуката за овој потег произлегува од желбата да се биде солидарен со колективната состојба, преку ваквиот пионерски чекор во издаваштвото“, велат од „Три“.

    Второто издание од „Карантинските приказни“ е во електронска форма и е достапно бесплатно на апликацијата kniga.mk на Издавачки центар ТРИ. Во ова издание се собрани над 100 авторски текстови од учесниците во предизвикот кои за првпат се претставуваат пред читателите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира