ЈАПОНСКАТА ВЛАДА САКА ДА СТАВИ КРАЈ НА УПОТРЕБАТА НА ДИСКЕТИ И ДРУГИ ЗАСТАРЕНИ ТЕХНОЛОГИИ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА

    ЈАПОНСКАТА ВЛАДА САКА ДА СТАВИ КРАЈ НА УПОТРЕБАТА НА ДИСКЕТИ И ДРУГИ ЗАСТАРЕНИ ТЕХНОЛОГИИ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТАДискетите беа создадени на крајот на 1960-ите, но излегоа од мода три децении подоцна (Фото: Гети)

    Јапонскиот министер за дигитализација објави војна на дискети и други застарени технологии кои сè уште се користат во администрацијата.

    „Околу 1.900 владини процедури и натаму се спроведуваат со помош на уреди за складирање, цедиња и минидискови. Регулативите ќе бидат ажурирани за да им се овозможи на луѓето да користат онлајн услуги“, кажа министерот Таро Коно.

    Иако се познати по иновативни напредни уреди, Јапонците во исто време и натаму користат застарени технологии во канцелариската работа.

    Дискетите беа создадени на крајот на 1960-ите, но излегоа од мода три децении подоцна со појавата на многу поефикасни солуции за складирање. Така, денес се потребни 20.000 дискети за да се складираат информации што ги собира едно УСБ со меморија од 32 гигабајти.

    Јапонската влада вели дека открила 1.900 области во кои што работата мора да се заврши со уреди за складирање, како дискети. Кано ја критикуваше земјата што и натаму во голема мера се потпира на застарена технологија.

    „Имам намера да ги укинам факс машините. А, што се однесува до дискетите, каде тие воопшто се продаваат овие денови?“, кажа Кано.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира