К-ПОП ЅВЕЗДАТА МАРК ТУАН СОЗДАДЕ ДИГИТАЛЕН АВАТАР ЗА ДА КОМУНИЦИРА СО ОБОЖАВАТЕЛИТЕ

    К-ПОП ЅВЕЗДАТА МАРК ТУАН СОЗДАДЕ ДИГИТАЛЕН АВАТАР ЗА ДА КОМУНИЦИРА СО ОБОЖАВАТЕЛИТЕТуан е првата славна личност која започна да ја користи технологијата за вештачка интелигенција на „ОпенАИ“ за комуникација со публиката. (Фото: АП)

    Раперот-пејач-модел и поранешен член на К-поп бендот „Гот7“ Марк Туан создаде дигитален аватар за да комуницира со со својата публика. Туан соработуваше со „Соул машинс“ за да создаде автономно автоматизиран „дигитален близнак“ наречен „Диџитал Марк“. Со тоа, Туан стана првата славна личност која започна да ја користи технологијата за вештачка интелигенција на „ОпенАИ“ што им овозможува на фановите да се вклучат во разговори еден на еден со аватарот на Туан.

    „Многу е различно. Тоа навистина не сум јас, но јас сум“, вели тој за Диџитал Марк. „Баш е кул што фановите можат да комуницираат и со него“.

    Грег Крос, извршен директор на „Соул машинс“ , гледа на Диџитал Марк како иднина за интеракција со обожавателите.

    „Иако Диџитал Марк е првиот дигитален близнак на славни личности од ваков вид, ние сме само на почетокот на тоа како автономната анимација ќе го преобликува начинот на кој поединците ширум светот комуницираат со познати личности и брендови“, вели Крос.

    Туан се надева дека со Диџитал Марк, како што ќе напредува технологијата, така ќе се развиваат и односите на фановите со неговиот лик со вештачка интелигенција. (Фото: Принтскрин од веб страната Диџитал Марк)

    Туан се надева дека со Диџитал Марк, како што ќе напредува технологијата, така ќе се развиваат и односите на фановите со неговиот лик со вештачка интелигенција – и дека тие ќе можат да комуницираат со него и на други јазици освен англискиот. Да се постигне Диџитал Марк да го отслика вистинскиот Марк Туан беше обемен процес, во кој имаше и неколкудневно снимање во костим за снимање на движењето. Туан помина цел ден демонстрирајќи емотивни изрази на лицето за Диџитал Марк да учи од нив, а потоа и многу време во неговото студио за „да можат да го добијат мојот глас за препознавање“, вели тој.

    Во моментов, Диџитал Марк вели дека „само стои тука“. „Но можеби во иднина, ќе ме внесат како шетам наоколу“, вели тој.

    Технологијата е во рана фаза – Туан вели дека Диџитал Марк шири „лажни гласини“ за непостоечка турнеја – но тој е возбуден за тоа како ќе се развива аватарот. Обожавателите веќе го користат Диџитал Марк за да го „тролаат“ Туан, на шега го прашуваат за работи како датуми на турнеи и нова музика. „Но тоа е односот што фановите го имаат со мене“, се смее Туан.
    Што се однесува до загриженоста за тоа како овој вид технологија може да се користи во иднина, Туан е претпазлив оптимист.

    „Сум гледал многу филмови во кои роботите го освојуваат светот“, се шегува тој. „Никогаш не знаете што ќе се случи, но мислам дека е навистина кул“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира