КАНАДСКИОТ ПРЕМИЕР ТРУДО СЕ РАЗВЕДУВА ПО 18 ГОДИНИ БРАК

    КАНАДСКИОТ ПРЕМИЕР ТРУДО СЕ РАЗВЕДУВА ПО 18 ГОДИНИ БРАКТрудо и Грегоар Трудо ја почнаа врската во 2003 година (Фото: Гети)

    Канадскиот премиер Џастин Трудо и неговата сопруга Софи објавија дека се разведуваат по 18 години брак откако имале разумни и тешки разговори. Двојката кажа дека ќе останат блиско семејство.

    Тие се венчаа во Монтреал во 2005 и добија три деца.

    Од канцеларијата на Трудо кажаа дека иако потпишале документи за развод, тие ќе продолжат заедно да се појавуваат на јавни настани.

    Ја замолуваме јавноста за приватност заради добросостојбата на нашите деца. Остануваме блиско семејство со длабока љубов и почит еден кон друг и кон сето она што заедно сме го граделе и ќе го градиме“, стои во заедничката изјава на Инстаграм.

    Трудо и Грегоар Трудо ја почнаа врската во 2003 година кога таа работеше на телевизија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира