КЛИЕНТИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА ОТСЕГА МОЖАТ ДА ПЛАЌААТ И ПРЕКУ ГУГЛ ПЕЈ

    КЛИЕНТИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА ОТСЕГА МОЖАТ ДА ПЛАЌААТ И ПРЕКУ ГУГЛ ПЕЈУслугата е достапна за сите корисници кои имаат уред со оперативниот систем Андроид (Фото

    Гугл пеј (Google Pay) отсега им е достапен на корисниците на платежните картички „виза“ и „мастеркард“ издадени од Стопанска банка АД Скопје. Оваа услуга е достапна за сите корисници кои имаат уред со оперативниот систем Андроид што ја поддржува технологијата НФЦ и (барем повремено) има стабилна интернет врска. Не е неопходно уредот секогаш да е поврзан на интернет при плаќање, туку може да се плаќа и без интернет пристап, а системот ќе го ажурира салдото по поврзувањето на интернет.

    Броевите на картичките не се зачувуваат на самиот уред, туку на серверот, па се намалува ризикот некој да ги украде броевите при кражба на мобилниот уред.

    Како и кај другите бесконтактни трансакции, и при плаќање со Гугл пеј не е потребно да внесувате ПИН за секое плаќање. Доколку трансакцијата е помала од 2.000 денари, доволно е да се допре екранот на паметниот телефон, додека за поголемите, екранот сепак ќе треба да се отклучи.

    За да го користите овој начин на плаќање, треба да ја преземете апликацијата Google Wallet од Google Play и по инсталацијата да ги додадете вашите дебитни или кредитни картички „виза“ и „мастеркард“ од Стопанска банка АД Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира