„КНАУФ“ ПРЕКУ СВОЈАТА АКАДЕМИЈА ПО 25. ПАТ ГИ СПОДЕЛИ СВОИТЕ ЗНАЕЊА ЗА НАЈНОВИТЕ ТРЕНДОВИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

    „КНАУФ“ ПРЕКУ СВОЈАТА АКАДЕМИЈА ПО 25. ПАТ ГИ СПОДЕЛИ СВОИТЕ ЗНАЕЊА ЗА НАЈНОВИТЕ ТРЕНДОВИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТОКнауф Академијата ги информираше учесниците за најновите техники и производи на „Кнауф“, како и за најактуелните светски трендови во градежништвото

    Струга по 25. пат беше домаќин на Кнауф Академијата, организирана од „Кнауф Македонија“, еден вид образовна институција која служи за едукација и информирање за најновите производи и достигнувања во градежништвото. Освен професионалци од оваа сфера од Македонија, присутни беа и соработници и партнери на „Кнауф“ од Бугарија, Србија, Грција, Косово, Албанија и Црна Гора.

    Кнауф Академијата ги информираше учесниците за најновите техники и производи на „Кнауф“, како и за најактуелните светски трендови во градежништвото и нивна имплементација. Истовремено, беа прикажани новитетите во областа на малтери, системи за сува градба, фасади и подови, со што уште еднаш се потврди носечката улога на „Кнауф“ во областа на градежништвото.

    „Сакаме несебично да ви го пренесеме целото знаење кое ние и нашиот тим го имаме стекнато низ овие 100 години постоење, а јубилејни 25 во Македонија. Стотици инженери постојано работат на нови производи и нови решенија во градежништвото и истите несебично преку оваа платформа ќе ви ги пренесеме вам“, изјави генералниот директор на „Кнауф Македонија“, Тодор Деловски.

    Со 220 фабрики и 28.000 вработени на пет континенти, „Кнауф“ е водечки производител на материјали и системи на градба на глобално ниво. Македонија е една од земјите во кои „Кнауф“ активно работи веќе 25 години и ја подига свеста за потребата од квалитетни материјали во градежништвото.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира