„Комерцијална банка“ пушти во употреба нова верзија на електронско банкарство. Новата мБанка овозможува брза и едноставна навигација, подобрени и поефикасни функционалности.
„Новата мБанка овозможува 24/7 контрола и пристап до сите банкарски производи, брзи плаќања и преноси со шаблони, плати на пријател, подели сметка и новитетот Виза директ. Овозможува бесплатни известувања за приливи и одливи, лесна контрола и пристап до платежни картички и до 80 отсто пониски надоместоци за платежни трансакции отколку на шалтер. Од сега во функција е опција за целосно дигитален потрошувачки кредит до 1.000.000 денари“, велат од „Комерцијална банка“.
Од Банката велат дека со ова современо и технолошки напредно дигитално решение се инвестира во иднината на банкарството.
„Банкарството го правиме дигитално, достапно и прилагодено на навиките и очекувањата на нашите клиенти затоа што веруваме дека модерното банкарство треба да биде во функција на секојдневните потреби и секогаш при рака. Новата мБанка е резултат на таа визија. Создадена е да понуди доверлива, брза и кориснички ориентирана услуга, со која клиентите ќе добијат уште поголема слобода и контрола во управувањето со своите лични финансии“, изјави Никола Џамбазовски, главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.
*Комерцијална презентација