КРАФТВЕРК ЌЕ ОДРЖИ 3Д-КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ ВО ФЕВРУАРИ 2018

    КРАФТВЕРК ЌЕ ОДРЖИ 3Д-КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ ВО ФЕВРУАРИ 2018Крафтверк одржа спектакуларен концерт во Скопје во јуни 2005 година

    Пионерите на електронската музика Крафтверк повторно доаѓаат во Македонија, беше потврдено на нивниот официјален сајт.

    Концертот е закажан за 27 февруари наредната година, со почеток во 20.45 часот, а локацијата ќе биде салата „Борис Трајковски“. Според објавената програма, концертот во Скопје засега е означен како последен во нивната светска турнеја, која стартуваше уште пред неколку години.

    Легендарната германска четворка го имаше првиот настап во Скопје во јуни 2005 година, што се памети како еден од ретките распродадени концерти во Македонија досега. Овојпат, може да се очекува уште поуникатно и поспектакуларно доживување, бидејќи оваа турнеја им е во вид на 3Д-концерти.

    Проектот Крафтверк е основан во 1969 година и одигра историска улога во популаризирањето на електронската музика. Бендот има издадено десет албуми, последен во 2003 година, а од оригиналната постава остана единствено Ралф Хитер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира