КРУЗЕР ЗАБОРАВИЛ ПАТНИЧКА НА АВСТРАЛИСКИ ОСТРОВ, ПА ЈА ПРОНАШЛЕ МРТВА

    КРУЗЕР ЗАБОРАВИЛ ПАТНИЧКА НА АВСТРАЛИСКИ ОСТРОВ, ПА ЈА ПРОНАШЛЕ МРТВАИнцидентот се случи на островот Лизард (Фото: Гети)

    Осумдесетгодишна жена е пронајдена мртва на остров од Големиот Корален Гребен откако била заборавена од крузерот со кој патувала. Таа пешачела на австралискиот остров Лизард со други патници од крузерот „Корал адвенчерер“, но се верува дека се одделила од групата за да се одмори.

    Бродот го напуштил островот на зајдисонце, но се вратил неколку часа подоцна откако екипажот забележал дека ја нема жената. По голема потрага, нејзиното тело било пронајдено следното утро, а други детали не се соопштени.

    Австралиските власти покренаа истрага и ќе разговараат со екипажот на бродот оваа недела.

    Жената, која не е именувана, се приклучила на групно качување на највисокиот врв на островот, но во еден момент застанала за да одмори, објави весникот „Куриер мејл“. Таа не се вратила на бродот, кој испловил без неа. Во потрагата по жената бил ангажиран и хеликоптер.

    Жената била на првата станица од 60-дневното крстарење низ Австралија, за кое билети чинат десетици илјади долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира