Црв долг осум сантиметри е пронајден жив во мозокот на жена од Австралија и научниците велат дека ова е прв ваков случај досега. Структура налик на жица била извлечена од фронталниот лобус на пациентката за време на операција во Канбера минатата година.
Лекарите велат дека жената страдала од невообичаен спој на симптоми, како болки во стомакот, кашлица и ноќно потење, што довело до зголемена заборавеност и депресија. Тие сметаат дека црвениот паразит можеби живеел во мозокот и два месеца.
„Сите во операционата сала беа шокирани како никогаш во животот кога хирургот откри абнормалност, за која се утврди дека е свитлив жив светлоцрвен црв долг осум сантиметри. Ова е нова инфекција каква што досега не е документирана кај човек“, изјави Санџаја Сенанајаке, инфектолог од болницата во Канбера,
Црвот ophidascaris robertsi е честа појава кај килимови питони, неотровна змија која може да се најде низ Австралија. Научниците веруваат дека жената веројатно го собрала црвот додека собирала билки покрај езерото каде што живее.
„Жената веројатно станала случаен домаќин на црвот откако ги јадела контаминираните растенија“, вели Мераб Хосаин, австралиски експерт за паразитологија.
Иако испиша медицинска историја, жената добро заздравува по операцијата.