По повод прославата на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Италија и Македонија, во Сојузот на филателисти во Скопје се одржа промоција на поштенската марка посветена на јубилејот на билатералните врски меѓу двете земји.
Промоцијата се одржа во рамките на Неделата на италијанскиот јазик во светот, а го организираше Амбасадата на Италија, во соработка со А.Д. Пошта.
„Драго ми е што на конкурсот за изборот на марката се пријавија повеќе од 60 уметници, и што е избрана марката на младиот уметник Иван. Италија е секогаш силен поддржувач на Македонија на патот кон Европа. Вашата земја припаѓа во европското семејство. Можеме да бидеме пријатели во сѐ, освен во фудбалот. Се шегувам за ова секако“, кажа Амбасадорот на Италија Андреа Силвестри на промоцијата, мислејќи на натпреварот на италијанската фудбалска репрезентација против македонската, на 17 ноември во Рим, во рамките од квалификациите за Европското првенство 2024.
Секретарот на Сојузот на филателисти и прв македонски Амбасадор во Италија, Виктор Габер рече оти дипломатските односи на двете земји почнале на 16 декември во 1993 година и успешно се развиваат до денес.
Номиналната вредност на марката е 100 денари.
М. ЏАРОВСКА