МАКЕДОНСКИОТ ДИЗАЈНЕР САТЈА ГРАБУЛОСКИ СОЗДАДЕ СПЕЦИЈАЛНИ ПАТИКИ ЗА НОВАК ЃОКОВИЌ, МУ ГИ ПОДАРИ НА ВИМБЛДОН

    МАКЕДОНСКИОТ ДИЗАЈНЕР САТЈА ГРАБУЛОСКИ СОЗДАДЕ СПЕЦИЈАЛНИ ПАТИКИ ЗА НОВАК ЃОКОВИЌ, МУ ГИ ПОДАРИ НА ВИМБЛДОНЗа своето последно дело, „Свитадот“ како основа користел целосно бели патики „асикс“, кои се украсени со два српски двоглави орла (Фото: Свитадот)

    Новак Ѓоковиќ доби подарок додека беше во Лондон за Вимблдон – специјално исцртани бели патики, последниот проект од линијата персонализирани дизајни на обувки од „Свитадот студиос“.

    Основано од Сатја Грабулоски во 2016 и со седиште во Македонија, студиото денес соработува со повеќе од 30 уметници лоцирани низ целиот свет, дизајнирајќи патики за спортисти како Кристијано Роналдо, Леброн Џејмс и други. Иако фудбалот е клучен спорт за „Свитадот“, преминот кон тенисот го возбудува Грабулоски.

    „Тенисот е простор на кој планираме да се фокусираме многу повеќе во иднина. Патиките ‘OneOfAKindS‘ создадени за Новак Ѓоковиќ ми се омилени досега. Тие се неспоредливи во секој поглед“, вели Грабулоски за „Форбс“.

    За своето последно дело, „Свитадот“ како основа користел целосно бели патики „асикс“, кои се украсени со два српски двоглави орла.

    „Студиото со години има силно присуство во фудбалот, заедно со кошарката и ракометот. Следниот мал чекор е внесување боја и раскажување приказни во традиционално ‘белите‘ спортови, како тенис. Иднината на дизајнот на облека и на луксузното купување воопшто лежи во хиперперсонализацијата како начин на додавање смисла и вредност, а ние се движиме напред во многу насоки за да бидеме дел од таа иднина“, вели Грабулоски.

    Неговото студио го имаше првиот голем пробив во 2017, прво во ракометот, па во фудбалот, кога го привлече вниманието со патики со ликот на Хулк.

    „Тој момент предизвика вистински интерес кај спортистите кои сакаа да ги раскажат своите лични приказни преку своите обувки. Сега нарачките доаѓаат од сите правци, понекогаш директно од некоја позната личност или нивниот тим, другпат преку агенти или менаџмент“, вели Грабулоски, внук на уметниците Јордан и Искра Грабул и син на уметницата Лира Грабул.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира