Марк Чепмен ѝ се извинил на Јоко Око 40 години откако го уби нејзиниот сопруг Џон Ленон.
Тој го застрела Ленон четири пати пред неговата зграда во Њујорк и неодамна по 11. пат му беше одбиено барање за помилување. На последното сослушување, Чепмен кажал дека го убил Ленон за слава и дека заслужил да добие смртна казна.
„Цело време размислувам за мојот злобен чин и се помирив со тоа дека би можел да останам во затвор до крајот на животот. Сакам да повторам дека жалам за моето злосторство и немам изговор за него. Тоа беше направено заради мојата слава. Ленон беше екстремно познат и не го убив поради неговиот карактер или поради тоа каков човек бил. Тој беше семеен човек, легенда. Го убив зашто беше многу, многу, многу познат“, рекол Чепмен.
Тој додал дека го извршил убиството од себични причини и изразил жалење за болката што ѝ ја нанесол на Јоко Оно, која беше присутна на нападот.
„Мислам на неа цело време“, рекол Чепмен.
Тој имал 25 години кога го извршил убиството. Денес е женет, а неговата сопруга живее во близина на институцијата каде што е сместен во последните осум години.