Издавачката куќа „Матица македонска“ ја објави книгата: „Збирка статии од областа на спречување на перењето пари и борба против финансирањето на тероризмот” од Златко Шајноски.
Триесет и осумгодишниот Шајноски е доктор по економски науки од областа на меѓународниот маркетинг. Има објавено над 50 статии и 3 книги од областа на интернет маркетингот.
Книгата ги содржи статиите објавени од Шајноски во периодот од 2011 до 2016 година објавени од областа на спречувањето на перењето пари и борбата против финансирањето на тероризмот.
„ Во Македонија оваа актуелна област е малку покриена со стручна литература издадена на македонски јазик, така што книгата ќе им помогне на експертите, студентите и останатите заинтересирани лица и субјекти во збогатување на досега стекнатото знаење“, велат од „Матица македонска“.