Светот, па и Македонија, ноќеска уживаа во спектакуларна глетка на небото, откако метеорскиот дожд, популарно наречен Персеиди, го достигна својот врв овој викенд.
Персеидите се случуваат секоја година во август, кога Земјата поминува низ ситни остатоци, што зад себе ги остава древната комета Свифт-Татл.
Овој феномен може да се набљудува повеќе од еден месец, надвор од населени места, а годинава го достигнува својот максимум на 12 и 13 август, кога можат да се видат и до 60 метеори во еден час. Оваа година, уште подобра глетка беше овозможена од раното кревање на Месечината, а најдобар период за следење е околу полноќ.