МИЛИОНИ ШВЕЃАНИ СЕ ВКЛУЧИЈА ДА ГО ГЛЕДААТ ТВ-ПРЕНОСОТ ОД ГОДИШНАТА МИГРАЦИЈА НА ЛОСОВИ

    МИЛИОНИ ШВЕЃАНИ СЕ ВКЛУЧИЈА ДА ГО ГЛЕДААТ ТВ-ПРЕНОСОТ ОД ГОДИШНАТА МИГРАЦИЈА НА ЛОСОВИ„Големата миграција на лосови“ ги следи животните додека го прават своето годишно патување кон позелени, летни пасишта (Фото: АП)

    Секоја пролет во изминатите шест години, милиони Швеѓани се вклучуваат во ТВ-пренос од движењето на лосовите во северна Шведска. „Големата миграција на лосови“ ги следи животните додека пливаат низ реката Ангерман и го прават своето годишно патување кон позелени, летни пасишта.

    Годинашната 24-часовна програма на стриминг платформата „СВТ плеј“ почна вчера, една недела порано од вообичаено поради потоплото време овој април. Преносот стана ТВ-феномен, кој има лојална база на гледачи.

    Телевизорот ми е пуштен 16 часа непрекинато откако почна преносот вчера. Неверојатно е релаксирачки. Има природни звуци на птиците, ветерот и дрвјата. Ти дава чувство дека си во природа, иако не си“, изјави 60-годишната Каит Борјесон.

    Таа додава дека преносот ѝ е како терапија, што ѝ помага против анксиозност и напади на паника.

    Историски гледано, оваа миграција се случува од ледената доба. Во пролет и лето, лосовите се порамномерно распоредени во пејзажот“, вели Јеран Ериксон, декан на Факултетот за шумски науки при шведскиот Универзитет за земјоделски науки.

    Повеќе од 30 камери го следат движењето на лосовите, кои во Шведска ги има околу 300.000. Минатата година, преносот привлекол девет милиони гледачи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира