Британската изведба на мјузиклот „Телохранителот“ (The Bodyguard) заврши со невозвратена љубов за некои членови на публиката кои не можеа да се воздржат и пееја заедно со актерите во финалната сцена. Претставата во театарот „Палас“ во Манчестер во петокот беше прекината кога двајца непослушни гледачи беа исфрлени затоа што ѝ се приклучија на пејачката во главната улога Мелоди Торнтон кога ја пееше „Секогаш ќе те сакам“ (I Will Always Love You), емотивната балада што ја прослави Витни Хјустон.
„Тоа не требаше да биде хорско пеење. Редарите носеа знаци на кои пишуваше ‘Ве молам, воздржете се од пеење’ и однапред имаше најави дека публиката ќе има шанса да се придружи на крајот, но не и да пее за време на претставата“, рече еден гледач.
За време на завршната песна, некој извика: „Дали ова значи дека сега можеме да почнеме да пееме? Од балконот се слушна глас кој пееше фалш и се натпреваруваше со вокалот на Мелоди Торнтон, поранешна членка на „Пусикет долс“. Смеата потоа се претвори во гнев и збунетост, изјави еден гледач.
„Тогаш сцената повторно стана темна и тогаш инцидентот навистина почна да ескалира, навистина можеше да се слушнат врисоци и звучни вдишувања“, рече Бредли. „Сите почнаа да стојат и да гледаат наоколу. Имаше скандирања ‘надвор, надвор, надвор’ за да престанат“.
Кога светлата се запалија, гледачите кои пееја беа извлечени од нивните седишта од обезбедувањето на театарот и публиката почна да скандира. Но, музиката и претставата завршија.
Портпаролот на театарот рече дека претставата е откажана затоа што ја расипале непослушните гледачи кои одбиле да седат на место. Торнтон објави видео на Инстаграм во кое им се заблагодарува на фановите и се извинува за оние што не почитувале ред. Полицијата на Манчестер соопшти дека разговарала со двете лица кои биле отстранети од обезбедувањето и дека ќе ги разгледа доказите пред да преземе било што.